Мадагаскар ја призна независноста на Косово

26 ноември, 2017 | 11:21 часот | 245 прикажувања |

На маргините на самитот на Франкофонијата, Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава, напиша Беџет Пацоли на својот Твитер профил.

Министерот за надворешни работи на Косово објави и фотографија од неговата средба со министерот за надворешни работи на Мадагаскар.