Двојно зголемени нивоата на реките Вардар, Треска и Сатеска

19 март, 2018 | 12:41 часот | 500 прикажувања |

Речиси двојно зголемени во однос на просекот за март се нивоата на реките Вардар кај Зајчев Рид и Велес, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, покачувања, но не драстични, покажуваат и Вардар кај Јегуновце и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Црн Дрим кај Ложани.

Нивото е пониско од мартовскиот просек само на Црна Река кај Новаци.