Протест пред домот на Ременски, таа најави кривични пријави

18 март, 2018 | 22:27 часот | 1.116 прикажувања |

Група граѓани вечерва протестираа пред домот на пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски.

Таа на својот фејсбук профил напиша дека протестот е организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Општинскиот комитет на оваа партија од Карпош, на чело, како што вели поранешниот и сегашниот претседател Сашо Лазаревски и Тони Јаревки, актуелен советник во Карпош.

Ременски воедно најави дека ќе поднесе кривична пријава за нив. Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете, пишува Ременски на Фејсбук, додавајќи дека вечерва е Македонска, и Албанка, Турчинка, Ромка и Босанка, и Влаинка, и Србинка, бидејќи им посакува добро на сите без разлика на нивната вера и етничка припадност.

извор: ТВ 21