Путин ќе ја води Русија и во следните шест години

18 март, 2018 | 21:27 часот | 2.209 прикажувања |

Владимир Путин ќе ја води Русија и во наредните шест години, откако обезбеди очекувана убедлива победа на денешните претседателски избори.

Според излезните анкети, тој освоил 73,9% гласови, при што ниту еден противкандидат не успеа да му се доближи.

Во однос на претходните избори во 2012 година, кога освои 64% гласови, ова претставува значително зголемување на поддршката, што, пак, ќе му овозможи најсилен можен мандат.

На второто место во излезните анкети е лидерот на Комунистичката партија, Павел Грудинин, со 11,2% освоени гласови.

Путин доминира во руската политика во последните 18 години, a веќе е подолго на власт од Леонид Брежњев кој беше на чело на СССР од 1964 до 1982 година.

Со оваа победа, тој останува на власт до 2024 година, кога ќе има 72 години, но тој сѐ уште нема определено свој наследник.