ФОТО: Двојазични униформи во гостиварската општа болница?

18 март, 2018 | 17:53 часот | 1.173 прикажувања |

Фотографија со двојазична униформа од гостиварската општа болница кружи по социјалните мрежи. На фотографијата називот на болницата прво е испишан на албански, а потоа на македонски јазик.

„Нови униформи во Општа болница – Гостивар. По закон се или не? Патем, законот уште не е стапен на сила“, стои во описот на фотографијата која ја споделила пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар, Дафина Стојаноска.

За случајот засега нема официјален коментар од Владата или Министерството за здравство.