Охридското Езеро беснее, уништени терасите на кафулињата и рестораните

17 март, 2018 | 18:05 часот | 1.042 прикажувања |

Силен ветер со јачина и до 100 километри на час, проследен со врнежи од дожд денеска го погоди охридскиот регион.

Езерото буквално беснее и исфрла огромна количина на вода на кејот и крајбрежните угостителски објекти.

Огромните бранови предизвикани од ветрот ги уништи летните бавчи покрај охридското крајбрежје. Освен кафулињата, невремето предизвика и повеќе штети и низ градот.

фото: Митко Лукан