Од понеделник нова цена на горивата

17 март, 2018 | 10:32 часот | 377 прикажувања |

Регулаторната комисија за енергетика треба да ја направи новата корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, која ќе важи од понеделник.

Во понеделник следи нова цена на горивата во Македонија. Неколку недели цената се зголемуваше, по што и дизелот ја премина границата од 60 денари, а со последните две одлуки цената се намалува.

При последната промена на цените Дизелот поскапе 1 денар, 98 октанскиот супер за половина.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС98 се зголеми за половина денар поскапо и ќе чини 67,5 денари.

Цената на ЕРУОСУПЕР БС 95 не се промени и тој и натаму се продава за 65,5 денари за еден литар.

За 1 денар пскапе дизелот чија цена изнесува 58 денари за литар.