Си Џинпинг реизбран за претседател на Кина

17 март, 2018 | 10:03 часот | 591 прикажувања |

Секинескиот народен конгрес денеска едногласно го поддржа реизборот на Си Џинпинг за претседател на Кина, а тој, е повторно избран и на должноста претседател на Централниот воен совет.

Гласањето, во присуство на новинарите, се одржало во Големиот народен дворец во центарот на Пекинг, а кинескиот Парламент, преполн со делегати лојални на владејачката Комунистичка партија на Кина. Ниту еден од 2.970 делегати не гласаше „против“ или „воздржано“

„Се колнам дека ќе работам за изградба на голема социјалистичка модерна земја“ – изјави 64-годишниот Си, кој ја положи својата лева рака врз Уставот на Кина.

Минатата недела Секинескиот народен конгрес ја поддржа измената на Уставот, со која се укинати ограничувањата на претседателската власт, која досега беше лимитирана на два мандата по ред, со што на Си му се овозможува да остане доживотно шеф на државата.