Коѕијас добил предупредувачко писмо со куршум поради „македонското прашање“

17 март, 2018 | 9:57 часот | 602 прикажувања |

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас добил предупредуачко писмо со куршум. -Објавува Катимерини

Во писмото било наведено дека куршумот е поради неговата улога во тековните преговори за „македонското прашање“.

Писмото и куршумот се предадени во полиција за истрага и вештачење за да се открие испраќачот.

Слично заканувачко писмо со куршум поради „македонското прашање“, Коѕијас доби и во почетокот на февруари годинава.

Никос Коѕијас, треба да пристигне во Скопје на 22 и 23 март на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Се очекува Коѕијас  да ја донесе и најавуваната грчка нацрт-спогодба за решавање на прашањето за името.