Фрчкоски: За ароганцијата на ДУИ ќе плати СДСМ

17 март, 2018 | 0:03 часот | 1.784 прикажувања |

Професорот Љубомир Фрчкоски во интервју за ТВ 21 вели дека ДУИ покажала ароганција и нечувствителност при инсистирањето сега и ваков каков што е, да се усвои Законот за јазиците.

„Постои извесна ароганција на ДУИ, која сите ги изнервира. Начинот на кој го буткаа Законот покажа една таква нечувствителност. Таквиот пакет на „земи или остави“, а соочена со такви очигледни слаби решенија во Законот, цената за тоа ќе го плати нивниот политички партнер СДСМ, кој храбро застана зад нив и го избутка сето тоа, но истовремено начинот на кои се однесуваа тие, нема политичко оправдување“, смета Фрчкоски.