Мицкоски: Кукавица е Зоран Заев и ова нема да му го заборавиме

16 март, 2018 | 17:51 часот | 2.406 прикажувања |

„Кукавица е тој којшто го донесе Законот на ваков начин, иако во многу наврати во минатото лично го предупредував и преку прес конференции, но и преку моите настапи на социјалните мрежи. Македонија во овој момент не смее да си дозволи вакво недолично однесување.“

Ова вечерва во интервју за ТВ Алфа го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на премиерот Заев кој за одлуката на претседателот Иванов да не го потпише Указот за прогласување на Законот за јазици рече дека е „кукавичка“.

Според Мицкоски, претседателот Иванов постапил државнички, а ВМРО-ДПМНЕ апсолутно стои позади одлуката на претседателот дека ваков закон не заслужува потпис од страна на претседателот Иванов, бидејќи негово основно право и обврска е да го заштити Уставот и интересите на сите граѓани на Република Македонија.

Истото тоа право и обврска би требало по Устав и по закони да го има господинот Зоран Заев, но за жал во овој случај е тој, рече Мицкоски, додавајќи дека Заев го одбрал „неделовничкиот, шверцерски начин да ја понижи Република Македонија и родот свој“.

„Ова нема да му го заборавиме“, посочи Мицкоски.

Заев ја нарече „кукавичка“ одлуката на Иванов да не го потпише Указот за Законот за јазици