САД, Канада и Мексико поднесоа заедничка кандидатура за СП во фудбал 2026

16 март, 2018 | 17:37 часот | 695 прикажувања |

САД, Канада и Мексико ја објавија кандидатурата за организирање на Светското фудбалско првенство во 2026 година, а 23 градови изразија желба да бидат домаќини на натпреварите.

Од САД, меѓу 17 градови кои сакаат да се дел од Мундијалот се и најголемите, Њујорк, Лос Анџелес и Вашингтон. Од Канада натпревари бараат Торонто, Монтреал и Едмонтон, додека од Мексико пријавени се Мексико Сити, Монтереј и Гвадалахара.

Светското првенство во 2026 година ќе биде прво на кое ќе учествуваат 48 репрезентации. Во случај да се прифати заедничката кандидатура, 60 натпревари ќе се играат во САД, по 10 во Канада и Мексико.

Конечната одлука за тоа кој ќе биде домаќин на СП 2026 ќе ја донесе ФИФА на 13 јуни. Во трката за добивање на организацијата ќе учествува и Мароко.