Лавров: Ќе ги протераме британските дипломати

16 март, 2018 | 17:22 часот | 755 прикажувања |

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе ги протера британските дипломати како одговор на одлуката на Лондон за протерување на руските.

Истовремено Лавров го нарече британскиот министер за одбрана лице на кое веројатно му недостига образование.

Лавров додаде дека Русија престанала да обрнува внимание на обвинувањата на Британија поврзани со труењето на поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал, за кое руските власти негираат каква било вмешаност.