Адвокатите на Груевски и Јанакиески бараат тие да бидат ослободени од обвинение за случајот „ТНТ“

16 март, 2018 | 14:14 часот | 561 прикажувања |

Според адвокатскиот тим на поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески обвинетите не извршиле кривично дело со рушењето на комплексот Космос на бизнисменот Фијат Цаноски и бараат тие да бидат ослободени од обвинение.

Одбраната во судница рече дека инвеститорот постапил спротивно на сите правни прописи, на Законот на градење, аплицирање како и добивање на одобрение. Адвокатите нагласија дека рушењето на Космос не било незаконско, туку во една законита постапка се пристапило кон рушење на објектот.

Груевски истакнал дека  и да сакале да му помогнат на Цаноски и да влезат во некакви разговори или преговори околу градбата, не можеле да го направат тоа, бидејќи како тогашна владејачка гарнитура, постапувале исклучиво според закон и дека ако му помогнале, неминовно некој подоцна ќе морал да се соочи со кривична одговорност.

На ваквото излагање на адвокатите на Груевски и Јанакиески, оштетениот Цаноски кој беше присутен во судница реагираше со иронична насмевка.