Путин потпиша закон со кој странските медиуми ќе се третираат како „странски агенти“

25 ноември, 2017 | 17:59 часот | 227 прикажувања |

Законот со кој властите им овозможуваат на странските медиуми кои работат во Русија да се регистрираат како „странски агенти“ денеска беше потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Арлем Дезир, минатата недела изрази загриженост поради мерките на САД и Руската Федерација со кои од медиумите од други земји се бара да се регистрираат како „странски агенти“.

ОБСЕ соопшти дека Министерството за правда на САД побарало од медиумите кои работат за „Раша тудеј“ во САД да се регистрираат во согласност со Законот за регистрирање странски агенти, додека, како одговор на тоа, руската Државна дума го измени законот за медиуми дозвојувајќи им на властите одделни медиуми да ги нарекуваат „странски агенти“.

Истовремено, повеќе медиуми поврзани со САД, вклучувајќи ги и „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“, добија известување од руското Министерство за правда за потребата да се регистрираат како „странски агенти“.