Во сообраќајка на патот Штип-Радовиш повредени четворица лица

16 март, 2018 | 11:57 часот | 991 прикажувања |

На магистралниот пат Штип –Радовиш дошло до судир помеѓу патничко возило BMW со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (29) од Струмица и патничко возило Citroen Berlingo со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (40) од с.Утово, битолско.

Со повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници во возилата: Ј.В. (22) од Струмица во возилото BMW и А.П. (44) од Република Грција во возилото Citroen. Ј.И. и Ј.В. биле пренесени во Клинички центар Штип каде им била укажана лекарска помош.

Возачот Г.И. и сопатникот А.П. биле пренесени во Јавната здравствена установа Радовиш кадe им биле констатирани повредите и им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Во периодот од 22:10 часот на 15.03.2018 до 01:25 часот на 16.03.2018 година сообраќајот бил во прекин во двата правци на магистралнио пат Штип-Радовиш.