Таравари: Србите во Косово имаат поголеми јазични права од нас во Македонија

16 март, 2018 | 10:29 часот | 1.765 прикажувања |

Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари, вели дека новодонесениот Закон за употреба на јазиците не е идеален за Албанците и дека ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за коалицирање со ДУИ, била спремна да прифати поголеми барања.

„Бујар Османи кажа дека ВМРО-ДПМНЕ била подготвена да прифати многу подобар закон за унапредување на користењето на албанскиот јазик отколку овој актуелниот. Овој зкаон воопшто не е идеален за Албанците, но е оптимум“, рече Таравари во вчерашната дебата на ТВ21.

Како аргумент тој додаде дека Србите во Косово имаа поголеми јазични права.

„Четири отсто Срби имаат многу повеќе да можат да го користат српскиот јазик во Косово отколку што имаат Албанците во Македонија. Не знам зошто се поставуваат прашања зошто ќе се користел албанскиот јазик. Па има повеќе држави во европската заедница каде се користат два, три, четири и повеќе јазици. И не знам што е хендикепирачки за македонското насленеие што ќе има поширока употреба на албанскиот јазик“, посочи Таравари.

извор: Фокус