22-годишно момче ограбено во ГТЦ

25 ноември, 2017 | 16:34 часот | 277 прикажувања |

Дваесет и двегодишно момче било мета на напад и разбојништво во тоалет во Градскиот трговски центар, од страна на неколку непознати лица.

Сторителите со употреба на физичка сила му одзеле 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

По кратко време, во врска со настанот, во Полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје (од нив четири се на 16-годишна возраст, а еден е 17 години). По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период.