Сали Бериша: Законот за јазици е важно достигнување за албанската нација

15 март, 2018 | 14:11 часот | 741 прикажувања |

Поранешниот албански премиер и претседател, Сали Бериша, се огласи по изгласувањето на законот за јазици во Македонија.

„Третото гласање на законот за употреба на албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија е едно важно достигнување на Албанците во оваа република, на целата албанската нација, но и на демократијата, слободата и демократските права и стабилноста во оваа соседна земја“, напиша Бериша на својот Фејсбук профил.