ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да почне да работи за она за што го плаќаат скопјани

25 ноември, 2017 | 16:23 часот | 356 прикажувања |

Наместо како градски шарлатан, Петре Шилегов треба да почне да работи како градски татко, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната фејсбук објава на градоначалникот на Скопје за ВИП кабините од жичарницата до Водно.

„Наместо бајати теми да започне да работи кокретни работи, и наместо да руши, да почне да гради. Жичарницата на Водно е изградена и пуштена во употреба во јуни 2011 година, и вип кабините се ставени во употреба и презентирани уште пред 6 години и тое се достапни за граѓаните кои ќе изразат интерес. Тој наместо со проекти се занимава во откирвање на топла вода“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Шилегов треба да престане со неговата дрегер политика на манипулации кои нема да ги решат проблемите на Скопјани и да започне да работи она што е негова обврска.

„Нека ги засука ракавите и нека почне да работи она за што го плаќаат скопјани. Еден месец по неговиот избор за градоначалник нема ниту една суштинска мерка за почист воздух и нема ниту еден сегмент од неговата стратегија за чистење на воздухот“, додаваат од партијата.