Велешанец се бори за живот откако се обидел да се отруе со средства за чистење

15 март, 2018 | 14:07 часот | 746 прикажувања |

Дваесет и осум годишен велешанец бил донесен синоќа во 19:15 часот во ЈЗУ Општа Болница – Велес, откако се затрул.

Тој испил половина литар „Доместос“ и 50 грама „Арф“, информираат од СВР Велес.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски по извршениот лекарски преглед било констатирано дека е во животна опасност и со возило на Брза помош бил однесен во Државна болница – Скопје на натамошно лекување.