Осум можни сценарија за судбината на Законот за употреба на јазиците

15 март, 2018 | 13:55 часот | 1.233 прикажувања |

Вчера со 64 гласа и во тензична атмосфера, на раб на физичка пресметка, беше изгласан Законот за јазиците во трето читање, откако еднаш претседателот Иванов одби да го потпише.

Шефот на државата и синоќа во обраќање до јавноста изјави дека „Уставот и совеста не му дозволуваат да го потпише Указот за прогласување на Законот“.

Од сите страни стигнуваат реакции во кои или се поздравува или се оспорува Законот и начинот на неговото донесување.

Во моментов кружат неколку сценарија за судбината и примената на Законот.

– Иванов да го потпише Указот (малку веројатно)
– Иванов да не го потпише (иако, според Уставот, нема право на второ вето, односно ако веќе одбил да потпише указ за закон и тоа во повторена постапка на гласање повторно е донесен од пратениците е должен да го потпише указот)
– Уставна криза – Никој со сила не може да го натера Иванов да стави потпис на Указот, но тоа веќе ќе создаде уставна криза – веќе изгласано законско решение да остане непотпишано.
– Тужби пред Управниот суд за утврдување надлежност и повреда на управна постапка.
– Без потпишан указ од претседателот на Републиката законот НЕ МОЖЕ да биде објавен во „Службен весник“, а штом не е објавен не може да стапи на сила и не може да се применува во практика.
– Уставот не утврдил рок кога претседателот треба да го потпише указот што значи остава широк простор за блокада на објавувањето на законот и неговото влегување во сила.
– Да се поднесе (кој?) барање за автоматско објавување на Законот за употреба на јазиците во „Службен весник“ за да започне и официјално да се применува.
– Серија претставки до Уставниот суд.

извор: Мета