Петиција на Фејсбук против Законот за употреба на јазиците

14 март, 2018 | 21:02 часот | 8.918 прикажувања |

По денешното изгласување на законот за употреба на јазиците, на социјалните мрежи се споделува петиција против овој закон, која до 20.30 часот ја имаа потпишано повеќе од 4.000 граѓани.

„Денес имаме флагрантно кршење на Уставот. Денес СДСМ и Заев ја поништија волјата на граѓаните. Од оваа одлука никој нема да живее подобро. Само затоа што две партии се договориле, изгласаа неуставен и штетен закон. Ваквиот чекор е удар врз соживотот, некој свесно не турнува во сценарио во кое влогот е Македонија.

Помогнете Уставниот Суд да знае дека мнозинството Македонци и Албанци се против овој закон. Споделете и пратете по пријатели за да нè има во што поголем број кога оваа петиција ќе биде испратена до Уставниот суд“, се наведува во петицијата иницирана од „Соживот во Македонија“.