Претседателот на косовското Собрание го честиташе усвојувањето на Законот за јазици

14 март, 2018 | 20:54 часот | 931 прикажувања |

Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели им го честита усвојувањето на Законот за јазици на пратениците на македонското Собрание.

Според Весели, усвојувањето на законот за јазици претставува важен чекор во исполнувањето на Охридскиот договор и постигнување на високи стандарди за остварување на човековите права, кои според него се потребни во рамките на евроатлантските интеграции.

„Најсрдечни честитки до нашите сонародници во Македонија за исполнување на едно легитимно основно право. Им благодарам на моите колеги од македонскиот Парламент за усвојување на законот за јазици, кој ќе придонесе за подобрување на меѓуетничките односи, не само во оваа земја туку и во целиот регион“, пишува Весели на социјалните мрежи.