ФОТО: „Слободен печат“ ги исмева протестантите пред Собрание

14 март, 2018 | 20:44 часот | 1.849 прикажувања |

Со фотографија на средовечна жена без неколку заби и наслов „Вмровците ги покажаа забите“ утрешен „Слободен печат“ ги исмева протестантите пред Собрание кои денеска го искажаа својот револт по повод носењето на контроверзниот Закон за употреба на јазиците.

„Жена во 60-тите години, вероватно отпуштена во приватизацијата кога се создаваа овие тајкуни кои сега владеат, лишена од секакви права како жена поради општеството, секоја шанса за напредок поради состојбите во државата, со толку бедна пензија која и оди на сметки и лекови шо не може вилици да си дозволи… Нејзиниот грев? Оди да се бори во тоа што верува. Волтер го цитирате само ко ќе ви се одговара и то е ок не се очекува ништо повеќе…А ако е за заби, допрва ќе гледате“, напиша граѓанскиот активист Павле Трајанов (алијас Моџо Килингтон) за утрешната контроверзна насловна на „Слободен печат“.