Зијадин Села, Ферид Мухиќ и Лилјана Поповска не гласале за Законот за јазици

14 март, 2018 | 20:36 часот | 1.082 прикажувања |

Според листата од Собранието, за денешното гласање на Законот за јазици, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села не гласал за законот.

Иако кога пристигна во собранието, тој изјави: „Не сум дел од Владата, дојдов да гласам за закон според договорот што го имавме кога се формира Владата.“

За законот не гласале и независниот пратеник Ферид Мухиќ и Лилјана Поповска, лидерката на ДОМ.

фото: МИА