Георгиевски: Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа!

14 март, 2018 | 20:19 часот | 1.482 прикажувања |

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски денеска беше прозван на протестите пред Собранието, на што тој одговори преку својот Фејсбук профил.

„Еден говорник пред парламентот праша: Каде е сега Љубчо? Буквално баш во тој момент шетав со пријатели и бев негде околу споменикот на Александар. А ти непознат патриоту кај беше ти кога Љубчо се бореше за Македонија? Потсети се какви трици тогаш си ручал и колку многу си верувал дека тоа е наместена војна. Ако побараш внимателно ќе најдеш дека уште пред петнаест години сум ги предвидел денешните настани. Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа. И така патриоту битката што ја водите многу одамна е изгубена. А многу од тие што денес сте пред парламентот дадовте придонес во тој пораз“, напиша Георгиевски.