Новаковски: Во оваа држава не постои закон, деловник, ниту одговорност

14 март, 2018 | 19:16 часот | 3.298 прикажувања |

Поранешниот генерален секретар на Собранието Александар Новаковски изнесе свое видување на последните случувања во македонското Собрание околу носењето на Законот за јазици и одбивањето на 36.000 амандмани на опозицијата.

Неговата реакција ви ја пренесуваме во целост:

„Како поранешен генерален секретар на Собранието на РМ не можам да одмолчам. Дали вистина овој закон е да се биде или не, знаат тие што преговарале. Дали и ВМРО-ДПМНЕ го поддржал во преговорите е исто нивна работа. Дали можеше да настане поголем инцидент е работа на одговорните. Но факт е дека во оваа држава не постои закон, деловник, ниту одговорност. Постои само насилие, ароганција, самобендисаност и партиска послушност.

Владеење на правото ќе има кога ќе се исели пола држава. За жал, ова го прават искусни политичари со долг парламентарен стаж или владин. Која порака ја праќаат на малдите? Одете си од овде, ние владееме, ќе се менуваме. Ова е веќе неприфатливо и неумесно и штетно. Жалосно е кога ова поминува и во меѓународните кругови.

Да завршам, ова за мене е неприфатливо однесување, судбини на луѓе се доведени во прашање и нивни семејства од недоквакани политичари. Нив се им е дозволено и да скокаат процедури и кршат Устав и деловник. Јас мислам дека во кинескиот парламент има поголема демократска свест. Ако има друга агенда и датуми известете ја јавноста можеби ќе ви помогне. Талат успеа и сега седи накеде и објаснува како бил успешен претседател.“

(фејбук статус на Александар Новаковски)