Џафери: Нема да дозволам да се врати сликата од 27 април

14 март, 2018 | 17:38 часот | 983 прикажувања |

Претседателот на Собранието Талат Џафери на прес конференцијата по носењето на Законот за јазици прво се обрати на aлбански јазик, а потоа продолжи за инцидентот со пратеникот Никола Груевски, објави Канал 5.

„Свесен сум за сите предизвици со кои треба да се соочам кога дојдов на оваа функција. Нема да дозволам да се врати сликата од 27 април 2017“, порача Џафери.

„Немам замерка кон граѓаните кои протестираат пред Собранието“, рече Џафери, но додаде дека нема да дозволи нереди во собраниската сала од пратениците.

По однос на процедурите и уставноста на законите што се носат во Собранието надлежен и Уставниот суд, одговори Џафери на новинарско прашање во врска со процедурата при носењето на Законот за јазиците.

„За усогласеност на законот свое мислење даде законодавно правната комисија, која се произнесе дека законот е усогласен со Уставот“, додаде Џафери.

фото: Канал 5