Колку заработи газдата на Амазон од Црниот петок?

25 ноември, 2017 | 12:39 часот | 314 прикажувања |

Богатството на шефот на Амазон Џеф Безос ја надминало бројката од сто милијарди долари. Неговата каса дополнително ја надополнило лудилото околу Црниот петок.

Со ова Безос дефинитивно ги сруши досегашните рекорди на поранешниот најбогат човек на светот, Бил Гејтс.

Гејтс долго се наоѓаше на самиот врв на листата на магазинот Форбс со вкупно богатство од 87 милијарди долари, но Безос благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите на Amazon во изминатите пет години исклучително брзо ја наполни својата каса.

Основачот на Microsoft во 1999 година заработи речиси сто милијарди долари, но од тогаш веќе никој не успеа да се пофали со таа цифра.

Безос минатиот месец вредеше 93.8 милијарди долари, што значи дека за месец и половина успеал да заработи дополнителни 6.2 милијарди долари.

Неговото богатство пораснало во главно поради добрите зделки на Amazon, а за тоа најмногу допринело лудилото на „Црниот петок“ во Америка.

Се проценува дека Amazon вчера ги остварил половина од своите онлајн продажби ширум САД.

Оваа година е одлична за оваа компанија, па тоа директно се одрази и на богатството на Безос, кое во 2017 година се зголеми дури за 28.5 милијарди долари.