Изгласан Законот за јазици, Џафери не дозволи амандманска расправа

14 март, 2018 | 16:57 часот | 735 прикажувања |

Собранието на Република Македонија со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа.

За Законот гласаа и пратениците од немнозинските заедници кои со 24 гласа го донесоа Законот. Пратениците од опозицијата се обидоа да го спречат гласањето по законот и да побараат процедурално да се обратат, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и со обезбедување излезе од пленарната сала.

Претходно при обидот на Џафери да ја отвори точката, пратениците од опозицијата побараа процедурално, но тој ги игнорираше и продолжи со работа, по што неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и поранешниот лидер Никола Груевски излегоа на говорницата.

Груевски му истури вода на Џафери му ја извади картичката, по што тој беше принуден да даде пауза од 15 минути.

извор: МИА/ видео: Канал 5