Наставник му скршил заб на ученик во основно образование

14 март, 2018 | 14:52 часот | 356 прикажувања |

Ноќеска околу 1 часот, петнаесетгодишен ученик во Основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, заедно со неговиот стрико Б.И.(38), пријавиле дека на 13 март околу 11 часот петнаесетгодишниот основец, на час по историја, со рака бил удрен од наставникот.

Според пријавителот, наставникот без причина го удрил по задниот дел од главата, од што малолетникот удрил во клупата и му се скршил еден од предните заби.

Нешто подоцна, повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа го пријавил случајот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.