Мицкоски: Парламентарното мнозинство ја поништува волјата на граѓаните

14 март, 2018 | 14:38 часот | 713 прикажувања |

Во животот немам ниту една концесија, немам склучено ниту еден задкулисен договор, затоа што сум човек со чист образ и чест, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Мицкоски истакнува дека немал никаква средба ниту со Талат Џафери, ниту пак со Зоран Заев.

„Единствено бев Собранието на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Денес власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните. Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан кој не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот, ова е директен удар на соживотот во Македонија, од кој ниту Албанците, ниту Македонците нема да имаат подобар живот“, пишува Мицкоски, додавајќи дека само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар, но, државата и граѓаните немаат.

ВМРО-ДПМНЕ, тврди лидерот на опозицијата, е против ваквото сценарио, со чист разум, затоа што тоа е единствениот исправен чекор, затоа што јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме да ги штитиме интересите на граѓаните.