Првиот споменик на биткоин во светот ќе биде откриен во Крањ

14 март, 2018 | 11:21 часот | 334 прикажувања |

Во словенечкиот град Крањ денеска ќе биде откриен споменик посветен на криптовалутата биткоин.

Кружната метална скулптура со буквата Б е тешка три тони и има пречник од седум метри. Поставена е на новиот кружен тек во Крањ.

„На нашата Фејсбук страница ги замоливме граѓаните да одлучат што да поставиме на новиот кружен тек и ова беше еден од првите предлози што ги добивме… Крањ има многу компании коишто се занимаваат со висока технологија“, изјави градоначалникот Бостјан Трилар.

Изработката на споменикот ја платиле две локални фирми кои и самите користат криптовалути.