Бундестагот го потврди четвртиот мандат на Меркел

14 март, 2018 | 11:17 часот | 622 прикажувања |

Пратениците на Бундестагот го потврдија четвртиот мандат на канцеларката Ангела Меркел со 364 гласа „за“ и 315 „против“. Девет биле воздржани. Со тоа е ставен крај на процесот за избор на новата влада кој траеше речиси шест месеци.

Коалицијата на Меркел има 399 места во Парламентот. Истата коалиција беше на власт и во изминатите четири години, но формирањето на нова коалиција беше тешка задача за Меркел.

Гласањето во Бундестагот следеше 171 дена по изборите во септември.