МДЧП бара САД да се откажат од антимакедонските преговори за името

14 март, 2018 | 11:05 часот | 597 прикажувања |

Сузи Талевски, член на Македонското меѓународно движење за човекови права, се сретна со конгресменот Питер Висклоски, член на Македонската група во американскиот конгрес, на разговори за кризата околу името на Македонија и за бесрамниот напад врз правото на Македонците за самоопределување.

Талевски се заблагодари на г-динот Висклоски, член на Македонската група во американскиот конгрес за неговата поддршка на Македонија, но истовремено и напомена дека, всушност, со барањето Македонија да го смени своето име, надворешната политика на САД ја поткопа независноста на Македонија и најосновните човекови права.

„Заради ваквата неодговорна и расистичка американска политика, Македонија е изложена на силен притисок да ги смени името на својот јазик и историјата, како и етничкото потекло и идентитетот на Македонците. Ваквите барања значат очигледно прекршување на Универзалната декларација на ОН за човекови права. На сите меѓународни конвенции за аштита на човековите права и владеењето на правото и демократијата, вредности за кои што САД тврдат дека ги поддржуваат“, информираат од МДЧП.

Понатаму, крајно неодговорно е за Македонската група (видете го нивното писмо до Државниот секретар) тоа што ги отфрлува критиките за американската политика на надворешен интервенционизам, тврдејќи дека „руското мешање“ создава нестабилност на Балканот. Во 2017 година, неколку конгресмени иницираа конгресна истрага за интервенциите на американскиот Стејт департмент и амбасадата на САД во Македонија, во неодамнешните парламентарни избори во Македонија. За истата работа судска постапка започна и Judicial Watch. Сузи Талевски побара итно решавање на истрагата во Конгресот и транспарентно објавување на резултатите од таа истрага.

„Освен тоа, Талевски истакна и дека е доволно да се погледнат јавно дадените изјави на официјални лица од САД – барањата до Македонија да го смени своето име за да ги задоволи угнетувачите – па да добиеме јасна слика за американската надворешна политика којашто го поткопува егзистенцијата на една цела држава и етничка група“, велат од МДЧП.

Таа побара од САД веднаш да ја преиспита својата политика кон Македонија, давајќи целосна поддршка за името на Македонија со тоа што ќе ги осудат антимакедонските преговори за името, како што впрочем бара и кампањата „Нашето име е Македонија“ САД имаат моќ да го прекинат овој бесмислен спор и тие тоа мора да го направат веднаш!