Мицкоски: Законот за употреба на јазиците се носи на денот кога почна конфликтот во Тетово

14 март, 2018 | 10:54 часот | 379 прикажувања |

Токму на денот кога отпочна воениот конфликт во Тетово на дневен ред на парламентарна седница се става овој противуставен и неприменлив закон за употреба на јазиците, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашната средбата со жители на Конче. Тој уште еднаш повика да надвладее разумот и да не се гласа Законот без расправ апо амандманите.

„Ова не смее да се дозволи. Лошо ќе влијае врз Република Македонија, за нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница, но и пред домашната јавност. За последен пат повикувам за разум – да се избегне едно девијатно однесување во парламентот и насилно усвојување на овој закон. Повикувам на почитување на Деловникот, разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, којашто ВМРО-ДПМНЕ ја очекува. Се друго ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние коишто ќе го поддржат во таа постапка“, предупреди Мицкоски.