Ќе се укинуваат визите за Кина

14 март, 2018 | 9:20 часот | 633 прикажувања |

Владата го прифати предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување Спогодба меѓу владите на Македонија и на Кина за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји.

Предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување на Спогодбата меѓу двете владите на двете земји, е усвоен на вчерашната на седница Владата.

На седницата е прифатен и предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на  Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан.