Почина Стивен Хокинг

14 март, 2018 | 8:57 часот | 551 прикажувања |

Ѕвездата на космологијата, Стивен Хокинг почина на 76 години во својот дом во Кембриџ.

Стивен Хокинг е  автор на „Кратка историја на времето“

Децата на Хокинг, Луси, Роберт и Тим, во соопштението велат: „Длабоко сме тажни шт нашиот сакан татко денес почина. Тој беше голем научник и извонреден човек, чија работа и наследство ќе живеат многу години. Неговата храброст и упорност со неговата брилијантност и хумор ги инспирираа луѓето низ целиот свет. Тој еднаш рече: ‘Ова и немаше да биде некој универзум ако не беше дом на луѓето што ги сакате’. Ќе ни недостига засекогаш.“