Гечев: Не може да ме обвинувате за цензура, се јавив во „Телма“ и реков дека ќе тужам ако се емитува „Код“

13 март, 2018 | 20:52 часот | 1.189 прикажувања |

Сопственикот на фабриката „ИГМ Трејд“, Илија Гечев во вечерашното интерјву на Телма со Снежана Лупевска обвини дека не бил информиран „со време“ дека ќе се снима емисија за неговата фирма. Рече дека не може да биде обвинет за цензура, бидејќи тој само се јавил во „Телма“ и рекол дека ќе тужи доколку се емитува емисијата „Код“.

„Најтешко е кога загинува работник. Ние сме луѓе и најтешко кога се случуваат кои во тешката металргулија се многу чести. Ви се заблагодарувам за шансата да ја кажеме и нашата страна. Новинарот ми се јави во 16:30 во четврток кога имав многу важни гости од странство. Вие снимате ние не знаеме ништо, не сме информирани. Барем да се јавите еден ден пред тоа да кажете дека ќе снимате во Кавадарци, кај фамилиите… Јас сум дојден тука да ја кажам нашата вистина“, обвини Гечев.

На ова Лупевска му одговори дека новинарот му се јавил во среда кога Гечев му рекол дека емисијата им е по нарачка и дека ќе ја тужи телевизијата доколку ја емитува. Лупевска додаде дека тој имал четири дена после јавувањето на новинарот да даде изјава.