Мртва жена пронајдена во скопско Волково

13 март, 2018 | 16:14 часот | 926 прикажувања |

Во 15 часот вчера во Секторот за внатрешни работи-Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во селото Волково е пронајдена почината жена во куќа.

Се работи за 71-годишната Г.В. како што информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и Јавен обвинител.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.