Уставен суд: Анѓушев, Спасовски, Шекеринска, Османи и Лика од следниот месец ќе имаат помали плати

13 март, 2018 | 14:26 часот | 903 прикажувања |

Уставниот суд одлучи потпретседателите на Владата на Република Македонија: Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Хазби Лика да имаат пониски плати од наредниот месец.

Одлуката е донесена по поднесената иницијатива од партијата Левица пред Уставниот суд.

Платата на вицепремиерите во иднина ќе се пресметува по коефициент 3,70 од просечната плата, како што е случајот со останатите министри, наместо со коефициент 4,00 како што беше досега. Ова се должи на укинување на дел од членот 14 од Законот за плата и за другите надоместоци на пратениците.

Се претпоставува дека месечните примања на вицепремиерите ќе бидат намалени за околу седум илјади денари.