Анѓушев во дводневна посета на Белгија

13 март, 2018 | 10:09 часот | 608 прикажувања |

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, денеска и утре ќе престојува во службена посета на  Белгија.

Вицепремиерот Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, ќе учествува на тркалезна маса во организација на стопанската комора ВОКА (Voka – Kamer van Koophandel Antwerpen Waasland) во Антверпен, а ќе има и средба во Брисел со заменик претседателот на Владата и министер за економија и вработувања на Кралството Белгија, Крис Петерс.