Им ги одзел документите на полицајци поради сообраќаен прекршок

12 март, 2018 | 16:27 часот | 813 прикажувања |

Полицијата ќе поднесе соодветен поднесок против скопјанецот Д.Б.А. (25) поради одземање на документи од полициски службеници.

„Имено, вчера околу 13:20 часот во Скопје на раскрсницата помеѓу улиците „Тодор Паница” и „Вера Јоциќ”, при преземање на мерки за сторен сообраќаен прекршок над М.А. од Скопје, неговиот син Д.Б.А.(25) ги одзел документите од двајца полициски службеници“, информираат од полицијата.