Новинарите протестираа пред Владата, притисоците и заканите мора да запрат

12 март, 2018 | 15:34 часот | 712 прикажувања |

Притисоците и заканите мора да запрат – порака од новинарите на маршот во одбрана на слободата на говорот и интегритетот на фелата. Протестот пред Владата следуваше по навредите и вербалните закани од функционерот на ДУИ, Бекир Асани и член на неговото потесно семејство кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и неговото семејство, пренесе МРТ.

„Време е да се направи разлика кој е за слободна и демократска Македонија, а кој е за насилниците“, порача Селмани.

„Владата на дело да покаже дека навистина се залага за правна држава и да преземе мерки, а не да праќа реакции и соопштенија. Обврска ѝ е да ги замолчи насилниците“ рече претседателнката на новинарскиот Синдикат, Тамара Чаушидис.

Реагираше министерот Роберт Поповски. Рече дека оваа Влада има нулта толеранција за какви било закани врз новинари и никој од оние кои се закануваат нема да биде заштитен.

Се огласи и вицепремиерот за европски прашања, Османи. Ги осуди навредите. Вели оти нема да штитат никого.

Новинарите побараа полициска заштита за Селмани и постапување на Обвинителството. Протестите ги организираше Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници.

извор: МРТ