Легендарниот Брајан Фери со концерт за Денот на независноста на Македонија

12 март, 2018 | 11:43 часот | 702 прикажувања |

Музичарот со светски глас Брајан Фери на 9 септември, заедно со Македонската филхармонија во Скопје ќе одржи концерт, објави „Авалон продукција“.

„Со задоволство ве информираме дека човекот наречен „Крал на соул музиката“ Брајан Фери доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Рокси мјузик“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум „Avonmore”, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена. Концертот е во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9. септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност… за тие кои веруваат во чуда!“,соопштија од „Авалон продукција“.

Брајан Фери e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 20. ти април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да се набават преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарницата на Македонската филхармонија.

Во периодот до 20-ти април ќе можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070 260 350 и 078 365 245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела). Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 влезници.

Ова е трето гостување на Брајан Фери во Македонија, по концертите во Универзална сала во Скопје во 2007 година и една година претходно кога тој гостуваше на „Охридско лето“.