Моторциклист од Свети Николе загина во сообраќајка на патот Штип-Кочани

12 март, 2018 | 10:54 часот | 479 прикажувања |

Триесет и деветгодишен жител на Свети Николе загина во сообраќајна несреќа во која учествувале два мотоцикли и еден автомобил што се случила на патот Штип-Кочани.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 16.55 помеѓу „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од Ж.Г.(19) од Кочани, во кое имало тројца сопатници, мотоцикл „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки управуван од В.Ц.(39) од Свети Николе и мотоцикл „хонда“ со бугарски национални ознаки управуван од В.Ј.(33) и сопатник К.Г.(22), двајцата од Свети Николе.

Од здобиените повреди на место на настанот починал В.Ц., додека В.Ј. и сопатникот К.Г. се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Медицински центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.