Општина Гостивар ќе се збратими со турската општина Килис

12 март, 2018 | 10:10 часот | 644 прикажувања |

Делегација од Општина Килис – Турција, престојуваше вчера во Гостивар, при што се сретнаа со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. При посетата, градоначалникот Таравари и овластениот од страна на градоначалникот Хасан Кара, директорот за културата во општина Тилис, Махмут Селџук, потпишаа договор насловен Повелба за добри намери, што подразбира меѓусебна помош меѓу двете општини и меѓусебната соработка во иднина.

Потпишувањето на овој договор отвора пат за збратимување на двете пријателски општини, што ќе се формализира на една од наредните седници на Советот на Општина Гостивар. Општина Гостивар и Општина Килис ќе соработуваат во економска, образовна, културна, спортска и во други области од општествениот живот. Општина Килис се наоѓа во централно-јужниот дел на Турција и има околу 100 илјади жители.