17 повредени во сообраќајки кои викендов се случиле во Скопје

12 март, 2018 | 9:42 часот | 748 прикажувања |

Две лица се потешко повредени во две од вкупно 18 сообраќајки случени во текот на викендот на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки се полесно повредени 15 лица, а во осум е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека за време на викендот сообраќајната полиција санкционирала 99 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, десет возачи кои поминале на црвено светло, осум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување и 12 возачи за неправилно престигнување.

Од сообраќај се исклучени 14 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 56 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и две технички неисправни возила и 42 нерегистрирани возила. Затекнати се и 163 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 157 возила.