Хрватската вицепремиерка Пејчиновиќ Буриќ во посета на Македонија

12 март, 2018 | 9:33 часот | 541 прикажувања |

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања на Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Пејчиновиќ Буриќ денеска ќе има средби со претставници на Заедницата на Хрватите во Република Македонија и со хрватски стопанственици.

Утре, како што соопшти хрватското МНР, Пејчиновиќ Буриќ ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, а потоа таа ќе биде примена и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.